ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

Мијалче Дургутов
(од Мондијалот Јужна Африка 2010)

(12.07.2010).- Мондијалот заврши. Ден по финалето порталот на ФИФА објавува куп post festum вести. Убави. Меѓу нив ми „боде очи“ фотографијата од свечената церимонија на затворањето и насловот
South Africa 2010: 32 teams, 32 stories“.

Број 1: Бонбона. Инспирација. И, конечно, признавам, крадам една идеја од порталот на ФИФА ... Мислам, од Интерент ...

Број 2: Крадам колку да покажам дека и јас можам да препишувам (да не речам крадам од Интернет) вести, информации и идеи ...

Број 3: Тоа, истото, „години во место“ го прават плејада дебели, кусогледи, тромави, инертни, љубоморно-зајадливи (спортски) новинари од Македонија ...

Број 4: Текстот го пишувам на свет ден – празник на светителите Свети Павле и Петар – по нашки „Петровден“.

Број 5: Тој ден – „Петровден“ - се славел во фамилијата Дургутови од 1912 година, кога на 12 јулои е родена баба ми (по татко) Павлина Злетовска Дургутова.

Број 6: Тоа е ден што од денес, па до потопот на светот, освен како „Петровден“, ќе се слави како„day after the finale“.

Број 7: „Петровден“ 2010 е „day after the finale“, ден кога светот го доби осмиот светски првак во фудбал, во 80. годишната „мондијалска“ историја.

Светски првак - репрезентацијата на Шпанија

Број 8:
Тоа е репрезентацијата на Шпанија.

Број 9: Шпанија, актуелниот светски првак, е истиот тим кој играл на 10 октомври пред 34 години, на стадионот „Маракана“ во Белград, главен град на тогашна СФРЈ (Социјалистичка Федеративна Република Југославија), сегашна Србија која играше на „мондијалот“ во Јужна Африка.

Број 10: Шпанија, актуелниот светски првак, е репрезентација која на претходно споменатиот натпревар против нашата ни тогашна репрезентација, направи сцена во која шпанскиот напаѓач Хуанито доби шише во глава испратено од навивач на трибините одалечена 20 (и повеќе) метри, секако, од главата на Хуанито...

Број 11: Кога Хуанито го оправале од последиците создадени од шишето кое го трефнало по глава, на светот се родило бебе кое не го крстиле „Шише Хуанито“, како што го крстија бебето родено минути по отворањето на „мондијалот“ во Soweto запишано како „Baby born in Soweto“ ...

Број 12: На „мондијалот“ дојдов на 08 јули. Го гледав свеченото отворање и целата церимонија.

Број 13: Цел живот ќе ја паметам мисијата по официјалното отворање кога заедно со возачот, црн батка, се загубивме околу „Soccer Sity“ стадионот. Потоа собравме уште осум (8) изгубени спортски новинари, па црниот батка, откако виде дека работата згуснува, повика полиција, и со нејзина придружба не испратија – таму каде што требаше да одиме ... (не случајно е ова под 13-ка).

Јоханесбург - глава во торба - кај крокодилот е побезбедно ...Ако е зима ...

Број 14: Гледав 10 натпревари во фазата по групи.

Број 15: Гледав четири натпревари во втората фаза.

Број 16: Го гледав – финалето, шесто по ред во моето фудбалско CV.

Број 17: Од девете градови, каде се играаа натпревари од „мондијалот“, бев и известував од четири: Јоханесбург, Преториа, Нелспруит и Рустенбург.

Број 18: Од десете стадиони каде се играше мондијалски фудбал, бев на пет: „Soccer Sity„ – „Ellis Park“ – „Loftus Versfeld“ – „Mbole Stadium“ - „Royal Bafokeng“.

Број 19: Од 32. репрезентации кои играа на „мондијалот“, во живо гледав 18.

Број 20: Кажано со ревизорски речник, на „мондијалот“ во живо гледав повеќе од 50 отсто од вкупниот број на учеснички на завршницата на „мондијалот“.

Број 21: По трипати ги гледав Аргентина и Шпанија.

Број 22: По двапати: Србија, Јужна Африка, Мексико, Бразил, Чиле, Уругвај и Гана.

Број 23: Според петтата димензија на ФИФА, сум видел 18 приказни од вкупно 32-те мондијалски приказни.

Екипата која победува - не се менува: Тимот на „СКОК“ што ја почна WEB одисејата

Број 24: Жал ми е, искрено, што не ја гледав барем еднаш репрезентацијата на Нов Зеланд која единствена го напушти „мондијалот“ по првиот круг без да загуби ниту еден натпревар од трите одиграни.

Број 25: Последниот ден од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка 2010 година, попладнето од Media center лоциран на 100 метри од „Soccer Syti“ стадионот, имав две јавувања: првото за Спортско радио Канал 4, второто за Спортската редакција на Македонската телевизија.

Број 26: Саат претходно, имав „ситна кавга“ со Ѓоко Личовски, сега реномиран фоторепортер, роден во оквирот на денешна Македонија, кој одамна излезе од границите на „цела Македонија“ ... Разбира се, според фотографиите кои ги прави, и за газдите за кои работи.

Број 27: Деталите за кавгата со Ѓоко Личпвски остануваат зад заедничката фотографија.

Број 28: Препорачувам, фотографијата да ја види еден „новинарски травестит“ кој се „боцнува“ со газдите на (барем досега) три печатени медиуми ...Истиот тој кој се обиде да го избрише моето име од мондијалската (2010) карта ...

Број 29: Истото го препорачувам на сите од плејадата дебели, кусогледи, тромави, инертни, љубоморно-зајадливи (спортски) новинари од Македонија ...

Мијалче Дургутов и Ѓоко Личовски на Мондијалот 2010 во Јужна Африка

Број 30:
Фотографијата со Ѓоко ја објавувам во чест (и како потсетување за него) на првите парламентарни избори на Република Македонија, зборувам за независна, суверена, самостојна ...
Република Македонија ... кога правев свадба во родниот ми Штип, а кога тогашниот талентиран мајстор на апаратот ми ја снимаше (и сликаше) свадбената веселба ... Фала му за фотографиите за кои, и ден-денес, сите што ќе ги видат во свадбениот албум, прашуваат – кој мајстор ги направи?

Број 31: Утредента (после полноќ) го пишував извештајот за Спортскиот портал чиј сопстевник (на брендот) сум јас. Извештајот од финалето, утредента (мислам денес), го обвјавија САМО ДВА од македонските медиуми. Единствен кој го подготви извештајот од лице место сум јас ...

Број 32: Thanks Blazhe! Thanks FIFA! Cao Bella!!! Brazil 2014 is calling!!!
 

Christian Louboutin Pumps replica handbags
 

 

 
 

 
 
 

 
 
 

 
 
 

 
 

| Најава