ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ
15 ГОДИНИ СПОРТСКО ИЗДАНИЕ „SPORTMAGAZINSKOK"
 
Фирмата „ОЛИМП“ е формирана 1992 година од страна на актуелниот директор и истата е со седиште во Штип од основањето, па до денес. Скромниот капацитет на „ОЛИМП“ ги издржа сите предизвици на новото време, ја преживеа транзицијата и преломите во македонското стопанство.
 
Од своето формирање, па до денес, „ОЛИМП“ успеа да опстои и да се прилагоди на новите пазарно-економски ориентирани услови, грижејќи се чекор по чекор да го унапредува својот развоен производствен процес, да го развива сопствениот маркетинг преку кој го изгради својот препознатлив имиџ на мало приватно препријатие.
 
Денес „ОЛИМП“ со својот најнов бренд – вагета зачинот „ГОЛД“ – се труди да го надградува својот имиџ на современо мало успешно препријатие, грижејќи се да го сочува и подигне својот веќе стекнат углед во земјата и во странство.
                                             
Спортското издание „СКОК“ е постаро за година и нешто од својот нов издавач. Првиот број на спортското издание е излезен на 28 август 1991 година под закрилата на тогашниот медиумски гигант НИП „Нова Македонија“ А.Д.-Скопје.
                                                  
До 8 септември 1999 година „СКОК“ излегуваше како неделно издание при што беа издадени 420 броеви. Потоа, со одлука на раководството на НИП-от, „СКОК“ се трансформира во Дневно спортско издание, и како такво излегуваше се до 10 септемвмри 2003 година, кога повторно се врати на неделно издание продолжувајќи со број 421.   
Пропаѓањето на НИП „Нова Македонија“ А.Д. – Скопје придонесе за менување на сопственичката структура на изданието,  што беше резултат на процесот на понуда и јавна продажба на брендовите на новинско-издавачката куќа „Нова Македонија“ А.Д. меѓу кои, секако, беше и „СКОК“.    
Преку „СКОК-ПЛУС“, како што кусо време го носеше името и излегуваше како такво издание, од 28 август 2006 година, точно 15 години од денот на промоцијата на „СКОК“, денес го имаме двојазичното (македонска и англиска верзија) електронско издание на „SPORTMAGAZINSKOK“.
 
Директориум на „SPORTMAGAZINKOK"
 
 

  Директориум
  Дописна мрежа-Македонија
  Дописна мрежа-Странство

Christian Louboutin Pumps replica handbags
 

 

 
 

 
 
 

 
 
 

 
 
 

 
 

| Најава