ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Мондијал 2010 Јужна Африка
Познати 32-та учесника на „мондијалот“
 
  Познати се сите 32 патници за „мондијалот“ што ќе се игра во Јужна Африка (11 јуни – 11 јули 2010 година).

Во квалификациите во шесте ФИФА-зони, учествуваа вкупно 204 репрезентации кои се членки на семејството на ФИФА.

Тоа е рекорден број на учеснички откако во квалификациите за претходниот „мондијал“ Германија 2006 година играа 198 репрезентации.

Од вкупниот број на 209 членки на ФИФА, во овој квалификационен циклус единствено не играа: Филипини, Бутан, Брунеи, Дарасалам и Лаос.

Аргентина ќе биде преводена од славниот МарадонаБројот на репрезентациите кои играа во квалификациите за пласман на „мондијалот“ по зони е следен:

Европа - 53 репрезентации;
Африка – 53 репрезентации;
Јужна Америка – 10 репрезентации;
Средна и Северна Америка – 35 репрезентации;
Азија – 43 репрезентации;
Океанија – 10 репрезентации;
_______________________

Вкупно: 204 репрезентации


Список на репрезентации - учесници на „мондијалот“ по зони:

ЕВРОПА (13 репрезентации):
Данска, Швајцарија, Словачка, Германија, Шпанија, Англија, Србија, Италија и Холандија (директно низ квалификациите);
Словенија, Португалија, Грција и Франција (преку бараж);

АФРИКА (6 репрезентации):
Јужна Африка (директно-домаќин);
Камерун, Нигерија, Гана и Брегот на Слоновата коска (директно низ квалификациите);
Алжир (преку „мајсторка“);

ЈУЖНА АМЕРИКА (5 репрезентации):
Бразил, Чиле, Парагвај у Аргентина (директно низ квалификациите);
Уругвај (преку бараж);

СРЕДНА И СЕВЕРНА АМЕРИКА (3 репрезентации):
САД, Мексико и Хондурас (директно низ квалификациите);

АЗИЈА (4 репрезентации):
Австралија, Јужна Кореја, Јапонија и Северна Кореја (директно низ квалификациите);

ОКЕАНИЈА (1 репрезентација):
Нов Зеланд (преку бараж);
Назад 

Креиран од dudi на 24.11.2009