ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Светски првенства
Нај, нај ... „мондијалско“ финале
 
 
Фудбалските мега-ѕвезди Пеле, Марадона, Зидан ... се инспирација за секој млад човек. Остварување на сонот, значи да се има среќа и да се доживее пласман на најголемиот фудбалски настан во Светот. Да се биде дел од „мондијал“, значи и свое место во книгата на славните.

Во пресрет на Светското фудбалско првенство 2010, популарниот спортски магазин „Skysports“ истражуваше што е тоа што ги фасцинира луѓето во еден фудбалски натпревар.

Илјадници фудбалски фанови од целиот свет гласаа за изборот на најдобрите, највозбудливите, највпечатливите 10 финални натпревари од сите Светски фудбалски првенства одиграни досега.

Првиот трофеј Жил Римет во рацете на УругвајцитеУругвај 1930 (Уругвај – Аргентина 4-2)

Шест гола за добар почеток!
Со организацијата на првиот Светски фудбалски куп (Уругвај 1930), се реализираше замислата на првиот претседател на ФИФА, Жил Риме. Финалето од ова историско (прво) Светско првенство се одигра меѓу две Јужно-американски репрезентации, Уругвај и Аргентина. Богатиот фудбалски натпревар го украсија шест гола кои беа добредојдени за да се подигне почитта кон Светскиот куп. Пред почетокот, некои држави-репрезентации не беа расположени за ова натпреварување, особено Англија поради одлуката Уругвај да биде домаќин на првиот Светски куп. Замислете каков би бил впечатокот, ако немало голови на овој натпревар? Можеби, поради непопуларноста, денес не би можеле да уживаме во светскиот спектакл, бидејќи ќе се покажел неуспешен и денес немало ни да постои.



Џузепе Меаца го прима шампионскиот трофејИталија 1938 (Италија – Унгарија 4-2)

Четири гола за 35 минути!

Имајќи во предвид дека играле на домашен терен, со подршка на моќниот Бенито Мусолини, се претпоставува дека најголемо влијание за освојување на трофејот, Италија имала поради домашниот терен. Првите 35 минути од овој натпревар се незаборавни, бидејќи четири, од вкупно шест гола се постигнати во овој период од играта. Останатото време исто така важи за интересно, што е причина повеќе после ова Светскиот куп да заземе цврста позиција во фудбалскиот календар. Почетокот на војната во 1939 година ќе го сопре напредувањето на турнирот, но тој сепак ќе опстане.





Шведска 1958 (Бразил – Шведска 5-2)
Пеле со солзи радосници по освоениот трофеј

Пеле му се претстави на Светот !

Светското првенство во Шведска ќе остане запаметено како фудбалски настан на кој за прв пат се појавува најголемата фудбалска легенда Едисон Арантес де Насцименто – Пеле. Како репрезентативец на Бразил, Пеле е најмалку споменуван во медиумите и во кулоарите во Европа, за после само неколку недели да стане најчесто споменуваното фудбалско име на улиците во Шведска и секаде во Европа. Со само 17-ет години Пеле ја воодушевува публиката, а неговиот стил на игра и умеење со топката со воодушевување се примени кај сите фудбалски вљубеници. Со овој настан се поставуваат темелите на блескавата фудбалска кариера на Пеле, во која станува еден од најголемите фудбалери на сите времиња.



Англија 1966 (Англија - Западна Германија 4-2)

Боби Мур vs Франц Бекенбауер

Фотографија за сеќавање: Боби Мур и Ноби СтаилсАнглија вечно ќе ги памети 60-те. Битлси, Carnaby Street, прва организација на Светски куп, прв и последен Жил Риме трофеј, многу фудбалски легенди на едно место ... Првенство за паметење, многу изненадувања, пресврти, а на тревата фудбалски веле-мајстории од Боби Мур, Ноби Стаилс, Џеф Хурст, Франц Бекенбауер, Пеле, Еузебио ... 100.000 среќници го следеа финалето од трибините и милиони пред црно-белите ТВ приемници. Четири гола во мрежата на „тврдите“ Германци. Повеќе од доволно за славје и вечно паметење на Англија 66-та.

Мексико1970 (Бразил-Италија 4-1)

Тим од соништата! 

Кој бил најдобриот тим досега што играл фудбал !? Унгарскиот со Пушкаш и Кочиш? Ерата на Германците со Јохан Кроиф и Нескенс !? Или, пак, можеби тимот на Бразил кој настапи на Светскиот куп 1970-та !? Тешко е да се каже дека било кој од овие тимови не е вреден за приматот најдобар во своето време, но ... анкетата во светски рамки сепак го одвојува тимот на Бразил. Оваа година, токму против популарните „сини“, Бразилците беа неповторливи. На овој финален натпревар Италијанците беа на погрешно место, во погрешно време. Имињата на: Феликс, Брито, Пијаца Алберто Карлос, Евералдо, Клодоалдо, Герсон, Јаирзињо, Тостао, Пеле и Ривелио оставија вечна трага и покажаа, кој е кој, во Светот на фудбалот !


Пехарот во рацете на Марадона, Аргентинците полудеа на трибините!Аргентина 1978 (Аргентина-Холандија 3-1)


Аргентинците полудеа на трибините!

Холандија најави дека е блиску до круната уште на претходниот Светски куп што се одржа во Западна Германија, но ... Исто како и во 1974-та, кога во финалето се сретна со домаќинот, и во 1978-та немаше среќа. Ги помина искушенијата на патот до финалето, но тука ја чекаше Аргентина, домаќин на Светскиот куп, репрезентација со големи апетити да го задржи трофејот дома. Упорните Холанѓани беа отптимисти дека овој пат ќе го освојат финалето, се до моментот додека не истрчаа на тревата. Илјадниците „луди“ аргентински навивачи како да ги заслепија Холанѓаните, или, пак, можеби овие навистина немаа среќа, па и овој пат мораа да се помират само со второто место на турнирот.




Шпанија 1982 (Италија-Западна Германија 3-1)


Мајсториите на Паоло Роси

Паоло Роси - неповторлив!Репрезентациите на Италија и Западна Германија имаа чест да се појават на центарот на популарниот стадион во Мадрид, Сантјаго Бернабеу. Но, овој Светски куп, ќе остане запаметен по натпреварот Италија-Бразил (3-2), каде италијанскиот волшебник со топката, Паоло Роси покажа игра за паметење. Во знакот на популарниот Италијанец поминаа сите натпревари на Италија, вклучувајќи го и финалето со Западна Германија. Паоло Роси беше најзаслужен за славјето на Италијанците во срцето на Шпанија. Шест гола на три средби за заслужена титула и златна копачка на Светскиот куп.

Мексико 1986 (Аргентина-Западна Германија 3-2)

Марадона во центарот на вниманието!

Ставот на сите релевантни фудбалски критичари е дека на овој турнир Западна Германија немаше што да бара во финалето, но ... Светскиот куп ќе се памети по неповторливата аргентинска „10“-ка, Диего Армандо Марадона. Легендарниот гол, постигнат со рака, против селекцијата на Англија ги засени сите други случувања на Светскиот куп. Чесно или нечесно, оставајќи ги зад себе Уругвај, Англија и Белгија, Аргентина стигна до финалето и со три гола во мрежата на Германците го прослави трофејот заедно со своите навивачи.

Франција 1998 (Франција – Бразил 3-0)

Роналдо во сенка на Зидан

Како што често се случува со големите натпревари, некои засекогаш ќе бидат поврзани со акциите на еден човек. На Светскиот куп 1998-та во Франција тоа се случи со легендарниот Зинедин Зидан. Првите златни моменти во кариерата ги почувствува токму на овој турнир, пред илјадници фанови на Франција, за кои популарниот Зизу ќе живее вечно. Со фантастична игра ја предводеше Франција на патот до Светската круна, а двата гола во финалето против Бразил го засенија и тогаш најинтересниот бразилец Роналдо.

Германија 2006 (Италија-Франција 1-1; 5-3 на пенали)

Трофејот се враќа во Италија!

Трофејот во рацете на ИталијанцитеФинале кое донесе неславен крај на кариерата на еден фудбалски великан. Зинедин Зидан замина во историјата како насилник! Провокацијата од италијанецот Марко Матераци го исфрли од рамнотежа вообичаено мирниот Зидан и овој возврати со удар со глава во градите на Матераци. Заслужениот црвен картон во финишот, значеше крај за Зидан во дресот на Франција. Нарушената рамнотежа во францускиот тим, или, пак, можеби подготвеноста на Италијанците или среќата, донесоа поголема прецизност во пенал-рулетот. Италија го подигна шампионскиот пехар!
Назад 

Креиран од dudi на 28.12.2009