ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Мондијал 2010 Јужна Африка
Јапонците контра јужноафричките труби!?
 
 

Јапонската фудбалска федерација им се придужи на бројните противници за употребата на вувузела, пластичен навивачки рог што го користат јужноафриканските љубители на фудбалот. Звуците од овие реквизити ечеа на стадионите од првата до последната минута на Купот на конфедерации, одигран летото 2009 во Јужна Африка.

Од Јапонската федерација се огласија по одигрување на пријателскиот натпревар во кој ремизираа без голови, токму против домаќинот на СП 2010, ЈАР во Порт Елизабет.

Трубите подршка за домаќинот на „мондијалот“- Побаравме од Јужноафриканскиот фудбалски сојуз да го намали степенот на бучавоста. Човек не може да се слушне самиот себе си кога зборува. Ќе му го кажам ова на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, -изјави претседателот на Јапонскиот фудбалски зојуз, Мотоаки Инукаи.

По завршувањето на Купот на конфедерации, ФИФА прими бројни жалби, особено од коментаторите кои се жалеа дека бучавоста им пречи во пренесувањето на натпеварите. Меѓутоа, и самите фудбалери и членови на стручните штабови реагираа на бучабата од трубите.

- Не можете да го слушнете сопствениот соиграч кој сака да ви каже нешто на оддалеченост од два метра. Мора да дојдете до него и да му го кажето она што го сакате директно на уво, - изјави одбранбениот играч на јапонската репрезентација Тулио.

На сите досегашни приговори и барања за забрана на вувезелата, ФИФА се оглуши со образложение дека „тие се единственото обележје на домаќинот на следниот „мондијал“.

Назад 

Креиран од dudi на 31.12.2009