|
Грција ќе игра на завршницата на „мондијалот“, а за тоа нејзините репрезентативци ќе бидат наградени.
- Уште претходно беше договорено Федерацијата, на име на премија, да им исплати на фудбалерите половина од сумата што ќе ја добие од ФИФА за пласманот на Светското фудбалско првенство Јужна Африка 2010. Фудбалерите ќе поделат четири милиони евра, - соопшти портпаролот на Грчката Фудбалска Федерација.
Коректен потег на Грчката фудбалска федерација.
|