ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Ракомет - Личности/настани
Штипскиот ракомет живее со младите
 
 

Иако последнава деценија (можеби и повеќе) штипскиот ракомет опстојува со „крпен живот“, најновите признанија што го добија членовите на РК „Текстилец“ ја враќаат вербата во подобро утре.

Имено, при традиционалниот „Избор на спортист на годината“ на град Штип за 2009 година, во конкуренцијата на избор на „Млад спортист“ лауреатот му припадна на Роберт Мицев додека во изборот на најдобар тренер за 2009 година најдобар е Павле Тодоров, тренер во пионерско-младинската школа на РК „Текстилец“.

Државни прваци во сезоната 2008/2009: кадетите на РК „Текстилец“ (1993)-Признанието, секако, годи бидејќи е валоризација на вложениот труд и постигнатите резултатите во изминатата 2009 година. Истовремено, тоа ме обврзува да продолжам уште поинтензивно и со поголема љубов во тренерската работа со младите категории, - вели Павле Тодоров (52), поранешен раметар од времето кога ракометот во Штип се играше на асфалт.

Младинските категории од школата на „Текстилец“ се натпреваруваат во организираниот систем на Ракометната федерација на Македонија, каде постигнуваат извонредни резултати.

-Посебно импресионира генерацииите кадети постари (родени 1991) и кадети помлади (родени 1993). Првите го освоија второто место во натпреварувачката сезоната 2008/2009 година на државно ниво, додека помладите беа државни шампиони во истата сезона 2008/2009 година, што е извнреден успех, - вели тренерот Павле Тодоров.

Втори во Македонија: кадетите на РК „Текстилец“ родени 1991 годинаТренинзите во спортската сала на ОУ „Тошо Арсов“ се извонредно динамични, интересни и посетени од младите кои и самите партиципираат во финансиската конструкција за да живее клубот.

Според зборовите на тренерот Тодоров, младите ракометни генерации на „Текстилец“ својот раскошен талент најдобро го покажуваат преку постигнатите резултати каде најсериозен конкурент им е скопски Металург, клуб кој, според нив, има далеку подобри услови за работа и финансиски е на многу повисоко ниво. Сепак, тоа не го спречува штипските ракометари да му бидат рамноправен партнер на реномираниот скопски клуб во своите конкуренции.

За постигнатите резултати тренерот Павле Тодоров го истакна несебичното залагање на претседатлот на клубот Зоран Јовановски, и самиот поранешен ракометар. Финансиски, пак, клубот го помогнал советот на Општината кој ја платил котизацијата на клубот за учество во организираниот систем на натпреварување.
 
Средба на ракометните генерации одржана 27.12.2009 година во ШтипЗа активностите на РК „Текстилец“ и љубовта со која живее клубот показател се и традиционалните средби на генерациите кои се одржуваат секоја година. На овие ревијални натпревари се собираат ракометари од постарите генерации, кои низ меѓусебно дружење го држат запален штипскиот ракометен факел ...

Последната таква средба беше одржана на 27.12.2009 година (види фотографија) на која се собраа следниве ракометари (од лево на десно – стојат): Исо Јахјајов, Славко Чмрлец, Ристе Ристевски, Драги Станков, Лазо Тодоров, Димитар Рунчев, Бажо Коцев, Влатко Двојаковски, (клечат): Зоран Арсов, Павле Тодоров, Зоран Јовановски, Сашо Јовановски, Димитар Рунчев.

 

Назад 

Креиран од dudi на 12.02.2010