ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Полска/Украина - ЕУРО 2012
Ждрепка за квалификации за ЕУРО 2012
 
 

За некого беше среќна, за некого не, но ждрепката во Варшава (Полска) го скрши мразот за најголемиот репрезентативен фудбалски настан во Европа во 2012-та. Македонија се наоѓа во групата – Б, заедно со Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора

Најдобрите 14-ет репрезентации (од вкупно 51), ќе се најдат на завршницата на ЕУРО 2012.

Деветте првопласирани и најдобро второпласираната селекција ќе обезбедат директно учество на ЕП, а осумте останати второпласирани репрезентации, преку бараж ќе бараат место меѓу најдобрите во Европа. 

Како домаќини директно се квалификувани Полска и Украина.

Македонија се наоѓа во групата – Б, заедно со Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.

Немавме среќа да го видиме актулниот Европски шампион, Шпанија, повторно на „Филип 2“, ниту, пак, Холандија и Англија, кои досега ги нагостивме во Скопје. За Германија, Италија, Франција ..., ќе чекаме некое друго време, но затоа, пак, гледано од „прва“ - позитивна ждрепка за Македонија.
Дали!?

Досега, Македонија ги има одмерено силите со сите репрезентации од нашата група.
Искуствата се добредојдени, но не и позитивни.

Против Русија игравме два пати во циклусот пред ЕУРО 2008, а исходот беше конечни (5-0) во нивна полза.

Словачка ја имавме како противник во квалификациите за СП 2002 и во квалификациите за ЕУРО 2004. Четири средби – три порази – едно реми! Вкупен резултат (1-10).

Против селекцијата на Република Ирска, игравме во квалификациите за СП Франција 2008. За разлика од исходот со претходните две репрезентации, против Ирска имавме триумф на домашен терен (3-2), откако претходно бевме поразени на гости со убедливи 3-0.

Од останатите противници, вечно ќе се сеќаваме на Андора, која ја оствари првата победа во историјата на репрезентацијата, токму против Македонија. Во четири средби со Андора, два пати славевме, еднаш бевме поразени и остваривме едно реми.

Истиот исход го имаме и со Ерменија (две победи, еден пораз, едно реми).

После ваквата фактичка состојба низ бројки, можеби е премногу оптимистички да се надеваме за директно учество на ЕУРО 2011, но барем можеме да си дозволиме да веруваме во втора позиција, па преку бараж да го бараме патот до Европскиот фудбалски самит.

Од останатите групи, секоја на свој начин интересна. Сите репрезентации со свои сметки. Некои се „стари должници“, други гледаат можност за освета, трети пак бараат нов предизвик.

Како и да е, нов циклус, нова надеж, нова можност за уживање во европски фудбал. Поискусна за уште едно, неуспешно, репрезентативно фудбалско издание, Македонија има право да се надева ... !

Група - А
Германија
Турција
Австрија
Белгија
Казакстан
Азербејџан
 
Група - Б
Русија
Словачка
Р. Ирска
Македонија
Ерменија
Андора
 
Група - Ц
Италија
Србија
С. Ирска
Словенија
Естонија
Ф. Острови
 
Група - Д
Франција
Романија
БиХ
Белорусија
Албанија
Луксембург
 
Група - Е
Холандија
Шведска
Финска
Унгарија
Молдавија
Сан Марино
 
Група - Ф
Хрватска
Грција
Израел
Литванија
Грузија
Малта
 
Група - Г
Англија
Швајцарија
Бугарија
Велс
Црна Гора
 
Група - Х
Португалија
Данска
Норвешка
Кипар
Исланд
 
Група - И
Шпанија
Чешка
Шкотска
Литванија
Лихтенштајн
 
 
Назад 

Креиран од magic на 17.02.2010