ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Полска/Украина - ЕУРО 2012
Одиме на ЕУРО!
 
 

Пишува: Иван Дургутов

На свечена церемонија во Варшава, Полска, во присуство на многу познати фудбалски имиња и „ѕвезди“, беше извршена ждрепката на кфалификационите групи за европското фудбалско првенство кое во 2012 заеднички ќе го организираат Полска и Украина.

Нашата репрезентација се најде во Б Групата заедно со репрезентациите на: Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора. Можеше ли да добиеме полесна група? Не дека овие репрезентации се слаби, арно ама ...

Од 1993-та година, македонската фудбалска репрезентација има одиграно официјални натпревари со сите овие селекции. Најдобро во меморијата ни е натпреварот против Република Ирска, селекција која ја победивме во Скопје (3-2).

Од другите репрезентации во нашата „Б“ квалификациона група, во најсвежо сеќавање ни е репрезентацијата на Андора. Со нив игравме во кфалификациониот циклус за Светското Еден за сите - сите за еден - цел пласман на ЕУРО 2012првенство Германија 2006. Во Скопје ни извлекоа реми без голови, а во Ла Вела, Андора, го доживеавме незаборавниот киксен резултат (пораз 0-1). Овој циклус ни дава шанса да им се одмаздиме.

Непријатни за паметење од минатото ни се и поразите во Скопје од Ерменија (1-2), Словачка (0-5), Русија (0-2). Сето тоа треба да ни биде дополнителен мотив во овој квалификационен циклус, да не предизвика да заиграме најдобро што знаеме и умееме, да се „испереме“ за поразите во минатото.

Во секој случај, во меѓувреме во фудбалската свет многу нешта се променети. Јазот меѓу големите и малите фудбалски репрезентации е смален. Од тие причини, македонската фудбалска репрезентација во овој циклус, објективно, има реални шанси за трка по првите две места на табелата во „Б“ групата кои водат кон настап на ЕУРО 2012.

Со други зборови, при жрепката ги избегнавме “големите” од типот на: Германија, Шпанија, Франција, Холандија, Италија, Англија ...

Затоа, реално гледано, непристрасно и поттајно (а, зошто не и отворено!?), имаме право да се надеваме на пласман на Македонија на едно од првите две места во нашата „Б“ група. Тоа се позициите преку кои директно или низ дополнителен бараж би стигнале до, и не толку далечните, Украина и Полска.

Амбициите би ги оствариле со силно поткован Стручен штаб, со внатрешна атмосфера која би била на завидливо ниво, со гласни и страстни навивачи, со добрата волја на лицата од ФФМ, на нашите фудбалски предводници и, пред се, со огромната желба на македонските репрезентативци на теренот да се надминат самите себе - со единствена цел: УЧЕСТВО НА ЕУРО 2012!


Назад 

Креиран од magic на 17.02.2010