ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Лига на шампиони сезона 2009/10
Хансон шоу на „Драгао“!
 
 

Првите четири осминафинални натпревари од новиот формат на Лигата на шампионите поминаа во знак на судискиот шоу на Мартин Хансон. Шведскиот судија кој го водеше натпреварот Порто-Арсенал (2-1) им приреди судиско шоу на Арсен Венгер и неговите фудбалери кога со набрзина изведениот индиректен удар му дозволи на Фалкао да го постигне вториот (победоносен) гол за Порто (51 минута).

Шоу на судијата Хансон - гол на Фалкао ...Откако Сол Кембел и голманот Лукаш Фабиански не се „прочитаа“ меѓусебно, односно топката од Кембел беше вратена назад до Фабиански, а овој непромислено ја фати со рацете, судијата хансон со право досуди индиректен удар за Порто. Во тие драматични секунди, шведскиот арбитар просто му ја одзеде топката од рацете на голманот на Арсенал и им ја подари на фудбалерите на Порто кои набрзина го изведоа индиректниот удар, а Фалкао беше немилосрден егзикутор.

Расправијата меѓу Арсен Венгер и судијата Хансон беше само дополнително шоу за публиката ...

Претходно, Порто поведе со голот на Силвестре Варела (11`), седум минути подоцна Сол Кембел изедначи на 1-1 (18`), и тоа одеше во прилог на настаните на теренот во прпвите 45 минути. Реално, изедначено, интересно ... Сите други настани во вторите 45 минути паднаа во сенка на судиското шоу на Хансон.

Робен го постигна првиот гол за Баерн од пеналБаерн Минхен стигна до минимална победа против Фиорентина (2-1). Баварците долго време го кршеа отпорот на цврстите и упорни Италијанци. Решавачки беше голот на Мирослав Клосе (89`). 

Претходно, Робен го доведе Баерн Минхен со прецизно изведениот удар од пеналтикот (48`). Две минути подоцна Фиорентина израмни со голот на Кролдруп (50`), а другото беше во режија на Клосе. Во секој случај, заслужена победа на Германците кои пред реваншот во Фиренца имаат каква-таква предност.

Фудбалерите на Лион се радуваат на успехот против Реал МадридНајголемото и најпријатното изненадување на првите четири осминафинални натпревари го направи францускиот Лион кој го победи Реал Мадрид (1-0). Стрелец на „златниот“ гол за Лион беше Макоун (47`). Вредна, исклучителна победа на Французите кои никој не може, барем не со овој резултат, да ги отпише од амбициите да се надеваат на елиминација на големиот ривал на реваншот во Мадрид.

За настаните на мечот Милан-Манчестер Јунајтед (2-3) кликни на таб „Манчестер Јунајтед, конечно, постигна гол на Сан Сиро“.

За распоредот и термините на другите осминафинални натпревари кликна на таб/лого „Champions League 2009/10“. 

Назад 

Креиран од ivan на 23.02.2010