ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Лига на шампиони сезона 2009/10
Горан Пандев - „Made in Macedonia“
 
 

Комшија, имаш ли пиво во фрижидерот, а? Ќе гледаме фудбал, нели? Овој нашиов ќе ги растури и Англичаните. Види, море, тие, демек, го измислиле фудбалот ... Ќе го запамтат Пандев. Ќе видиш ...

Фудбалска треска! Нема друго, еуфоријата ја зафати фудбалска Македонија. Во секојдневното сивило малку се светлите точки. Нмалку се личностите кои се општо Напред мајсторе: Горан Пандевприфатени од сите, неоспорувани во еснафот со кој се бават, фалени од сите. Горан Пандев е икона пред која сите се поклонуваат ...

„Првото полувреме“ од осминафиналето на Лигата на шампионите помина. Новата формула на УЕФА според која осминафиналните натпревари (ќе) се играат во два одвоени термини почна да се практикува. На 16 и 17 февруари се одиграа првите четири натпревари (кликни на таб / лого Champions League season 2009/10). На 23 и 24 февруари 2010 година се игра „второто полувреме“. Дури и според сајтот на ФИФА „Меч на денот“ е оној во Милано: Интер – Челзи. Милина!

Автограм за обожавателите: Горан ПандевОвој натпревар (среда, 24.02.2010) е нова епизода од најуспешниот македонски серијал во 21 век, настан на најдоброто произведено во Македонија, ќе гледаме фудбал од иконата пред која сите се поклонуваат, ќе навиваме за нашиот фудбалски велемајстор – Горан Пандев. Фановите од Македонија се на нозе. Дел од нив, оние најзапалените, треба да бидат во Милано, на трибините на „Сан Сиро“. Тоа се најавите ...

Во предвечерието на дуелот Интер-Челзи сите очи се вперени во нашиот Горан Пандев. Ќе заигра ли Гоки како што знае и умее? Ќе му даде ли гол на Петар Чех? Ќе победи ли Интер? Прашања за мотив и добра атмосфера кога е во прашање натпреварот кој побудува најголемо внимание во овој круг на Лигата на шампионите.

Тиаго Мота (Интер-лево) и Франк Лампард (Челзи)Информациите од италијанските спортски медиуми (весници, телевизии, медиумски интернет сајтови, клупски сајтови, навивачки портали ...) пренесуваат различни информации: од тоа дека Пандев нема да го почне натпреварот, до таму дека Жозе Мурињо ќе го почне натпреварот против Челзи со тројцата (условно речено) напаѓачи – Милито, Ето и Пандев. 

На последниот натпревар од „Серија А“ кога Интер ја пречека Сампдорија, нашиот Пандев влезе во игра во 60 минута.

Контроверзниот меч по кој претставниците на Интер одбија да дадат изјави за медиумите заврши без голови, но со дури три црвени картони. Мурињо заработи и казна заради навреда на судиите, а по нивна пријава. Сето тоа отвора место за нова инспирација кај тренерот на Интер.

На другата клупа ќе седи Карло Анчелоти. Овојпат на спротивната страна од онаа на која долго години седеше (како домаќин и) како тренер на Милан. Мајстор на фудбалската игра: Горан Пандев Италијанскиот стратег се враќа дома, во амбиент кој му е многу добро познат. Анчелоти го знае секое парче трева од теренот на „Сан Сиро“, знае што може да направи и да очекува во овој дуел.

Тука, во редовите на Анчелоти, се врвни фудбалери. Кој од кој класа за себе: Дрогба, Лампард, Ешли Кол, Џон Тери, Карваљо, Анелка ... Сите овие имиња се инспирација за нашата икона: Пандев може „да ги стави под крампоните“ ако му тргне. Нашиот ас има квалитет, знаење, моќ, подршка, инспирација ... да го направо тоа.

Горан Пандев – „Made in Macedonia“ - на „Сан Сиро“ против „англиските црвени мундири“ предводени од „генералот“ Анчелоти. И симулацијата на Бородинската битка не е поубава од „живата фудбалска војна“ меѓу Интер и Челзи.

Да играме, со голтка скопско, и ние со Пандев. Напред мајсторе!

П.С. Колку е голем, а обичен човек Горан Пандев потврдува и специјалниот автограм наменет за еден негов млад италијански фан од времето кога играше за Лацио (види насловна фотографија) 
 
Назад 

Креиран од ivan на 01.03.2010