ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Светски првенства
„Орден за заслуги“ за стогодишниот Аргентинец, Франциско Вараљо
 
 
По Пеле, Франц Бекенбауер и Боби Мур, стогодишниот Аргентинец, Франциско Вараљо е четвртиот човек кој го добива високото одликување на ФИФА – „Орден за заслуги“. Признанието му беше доделено неколку денови откако Вараљо го прослави својот 100 роденден (роден е на 05.02.1910 година) во родното гратче близу Буенос Аирес.

Од времето кога играше: Франциско ВараљоАргентинецот е единствениот жив фудбалер кој играл на првото Светско фудбалско првенство кое се одржа во Уругвај 1930 година. На само 20 години Вараљо заиграл за репрезентацијата на Аргентина ...

-Никогаш во мојот живот не сум бил почестен на ваков начин, - изјави Вараљо со насмевка на лицето и солзи во очите кога влезе во театарот во Ла Плата. Стотици луѓе се собраа за да му оддадат почест на „огнениот напаѓач“, прекар кој го доби заради моќниот удар со десната нога.

Откако беа исклучени светлата во театарот на видео-бимот се прожектираа црно-бели слики од првото Светското фудбалско првенство. Можеа да се видат фудбалери од Европа со шапки и со џемпери како пристигнуваат на пристаништето во Мотевидео, по 15-дневно патување со брод.

На фотографиите беше прикажана и средбата на великанот на аргентинското танго Карлос Гардел со аргентинските репрезентативци во нивната соблекувална. Беше презентиран и стадионот „Сентенарио“ на кој се одигра првото мондијалско финале вокое домашниот Уругвај ја победи Аргентина со 4-2.
 
Доби многу признанија низ својот живот: Франциско ВараљоСтогодишникот Вараљо добро се сеќава на деталите од првиот „мондијал“. Го памети тапиот звук на тешката кожена топка, памети дека играл повреден бидејќи тогаш не беа дозволени замени. Сепак, најдобро и со најголема радост се сеќавана начинот на играта на тогашните репрезентации што неповратно замина во историјата.

- Играв со срце во второто полувреме. Тоа го чувствував во моето колено. Останавме со десет играчи. Во продолжението на финалето се повреди уште еден наш фудбалер, па уште еден..., - вели Вараљо во интервјуто за веб-сајтот на ФИФА, сеќавајќи се колку блиску беше Аргентина до освојувањето на првиот „мондијал“.

За својата болна повреда Вариљо раскажува во детали ... Заради таа повреда што ја добил на последниот натпревар во „Групата 1“ против Чиле (22 јули 1930 година), кој Аргентина го доби со 3-1 (2-1), Вараљо не можел да игра на полуфиналниот натпревар против САД (26 јули 1930 година) на кој Аргентина победи со 6-1 (1-0). Сепак, стегнал заби и се вратил на теренот на финалниот меч против Уругвај што се одигра на 30 јули 1930 година ...

Се сеќава на деталите од финалето 1930 година: Вараљо- Ја влошив повредата кога ја шутирав кон голот на Уругвај, па наместо мрежата ја погодив гредата. Тоа беше удар што можеше да ни донесе победа и да го освоиме финалето. После тоа не можев ниту да одам! Од тој момент,па во продолжението, Уругвај почна да станува посилен. Со должниот респект кон моите соиграчи, сепак, ние не бевме доволно конкретни. Колку плачев тој ден. Дури и сега, кога ќе погледнам наназад, тие моменти ме прават лут, - вели Вараљо.

Франциско Вараљо почнал да игра фудбал многу млад. Уште како дете на 14 години дебитирал во првата екипа на Химнасија де ла Плата, со која тој ја освоил единствената шампионска титула (1929 година за време на аматерската ера).

Во 1930 година Вараљо преминал во Бока Јуниорс, тим за кој играл до крајот на кариерата која ја завршил во 1939 година. Играјќи за Бока Јуниорс тој постигнал 181 гол во Првата лига на Аргентина. Тоа било рекорд кој траел се до 2008 година, кога бил надминат од напаѓачот Мартин Палермо
Назад 

Креиран од ivan на 01.03.2010