ДОМА | ЗА НАС | МАРКЕТИНГ | КОНТАКТ

nov


 


 

 

 




Фудбал - Лига на шампиони сезона 2009/10
Резултати за шок реванши
 
 

Христијан Дургутов

Лигата на шампионите = неизвесност! Тоа е еден од елементите што го краси најквалитетното клупско натпреварување на стариот (европски) континент. Тоа го потврдија и резултатите од првите натпревари од осминафиналето постигнати во вториот термин на УЕФА (23 / 24 февруари).
Стрелец на побефдоносниот гол: КамбиасоЕкипата на нашиот Горан Пандев го доби првиот дуел од осмина финалето со Челзи. На „Сан Сиро“, пред своите гледачи, Интер славеше со 2-1. Стрелци на головите беа: Милито (3`), изедначи Калу (51`), конечниот резултат го постави Камбиасо (55`).

Ситна, ама исклучително вредна победа на Интер во која Горан Пандев партиципираше со 25 минути во финишот на натпреварот. Како и да е, Интер има предност (и то ане мала) пред реваншот на „Стемфорд бриџ“ што се игра на 16 март.
Бод на првиот осминафинални натпревари извлече Барселона. Актурелниот европски првак беше набиен во прпвите 45 минути кога имаше негатива од еден гол. Во второто полувреме Барса постигна еден гол, израмни (1-1) и со тој резултат го чека реваншот на „Ноу камп“ кој се игра на 17 март. Очигледно, Барселона има предност од било кој аспект и би требало истата да ја материјализира со пласман во четвртфиналето.Барселона извлече  само бод во Штутгарт
Францускиот Бордо го „удави“ Олимијакос во Пирејскиот залив. Во Атина, домаќините ги избројаа само шансите и е ден поништен гол (89`). Се друго беше на страна на Бордо, вклучувајќи го и голот постигнат во судиското продолжение од првото полувреме. Французите со големи чекори грабаат кон четвртфиналето. Така засега стојат работите пред реваншот на 16 март.
На истокот, во Москва, каде натпреварите се играат 2,15 часа порано, домашната ЦСКА Москва одигра само нерешено со шпанската Севиља. Толку беше силата на Русите. За победа против Шпанците, сепак, им треба(ше) повеќе. Минималната предност пред реваншот закажан за 16 март e на страна на Шпанците.
 
Назад 

Креиран од hristijan на 11.03.2010