|
Црниот дијамант“ на Португалија, славниот фудбалски ас и легенда на светскиот фудбал Еузебио ја доби наградата за животно дело што еднаш годишно ја доделува УЕФА. Признанието „Претседателска награда“ на Еузебио му го врачи претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
- Почестен сум со престижната награда, - кусо изјави Еузебио, видно возбуден од големото признание.
Еузебио (68), кого навивачите го обожаваа и му го дадоа прекарот "црн дијамант", е еден од најголемите светски напаѓачи на сите времиња.
За време на блескавата кариера за Бенфика одигра 301 натпревар и постигна 317 голови. Во дресот на Португалија има 64 настапи и 41 погодок.
Играјќи за Бенфика, во 1962 година ја освои титулата првак на Европа. Во дресот на португалската репрезентација стигна до полуфиналето на Светското фудбалско првенство Англија 1966 година.
Во 2009 година престижната "Претседателската награда" ја доби Англичанецот, Боби Чарлтон.
|